Перуанската кујна важи за една од најбогатите и најдинамичните гастрономии во светот. Нејзините корени се длабоки – наследени од културите на Инките, но и облагородени со влијанија од шпанската, јапонската, кинеската и африканската кујна. Тоа ја прави уникатна, полна со контрастни вкусови, свежи состојки и јадења кои истовремено се едноставни, но со длабока комплексност.
Како продолжение на нашата визија да ги доближиме светските вкусови во срцето на Скопје, со гордост ги најавуваме Peruvian Days во Forza Fusion – тематска гастрономска програма која ќе се одржи од 9 до 24 мај.
За ова специјално издание, наши гости се двајца врвни шефови од Перу, основачи на интернационалниот бренд La Distribuzione.
Chef Benjamin, со својата претприемачка енергија, долгогодишно искуство и длабоко разбирање на природните состојки, е познат по тоа што ја шири перуанската гастрономија преку мастер-класови, презентации и автентични рецепти инспирирани од традицијата на Андите.
Chef Maluchi е авторка на книга за готвење, дизајнер на гастрономски концепти и креативен глас на La Distribuzione. Нејзиниот стил е препознатлив – емотивен, топол и визуелно силен. Со неа, секое јадење е и визуелно доживување.
Основан во 2013 година, брендот La Distribuzione не е само гастрономска приказна, туку и културна авантура. Со својата Bodega Central, сместена во срцето на Андите, тие креираат гурмански продукти и специјалитети, кои ги претставуваат низ Еквадор, Чиле, Аргентина и сега – ексклузивно во Скопје.
Од традиционални намази и сосови, до компонирани оброци што ги комбинираат јужноамериканските вкусови со естетиката на италијанскиот дизајн – La Distribuzione претставува искуство што го храни и телото и душата.
Во периодот од 9 до 24 мај, секој ден од 13:00 до 22:00 часот, Forza Fusion ќе биде домаќин на специјално креирано мени инспирирано од перуанската кујна – подготвено токму од Chef Benjamin и Chef Maluchi.
Ова е ретка можност да се допре до вкусови кои не се чести на нашата сцена – јадења кои го раскажуваат духот на Латинска Америка, изведени со техника, страст и огромно гастрономско знаење.
Следете нè наскоро ќе ви откриеме повеќе детали!
Локација: Forza Fusion Bar & Restaurant
Датум: 9 – 24 мај
Специјалитетите ќе бидат достапни секој ден од 13:00 до 22:00 часот
Резервации: 02 6200 205 | 076 217 015
Бесплатен паркинг за сите гости во подземната гаража на K-Mall