Forza

Forza Fusion Bar & Restaurant
За нас

Forza Fusion е урбан ресторан во срцето на Скопје, создаден како современо место за уживање во автентична кујна и атмосфера. Простор дизајниран за дневни средби, after-work дружења и вечерни гастрономски искуства, каде што секоја посета е поинаква.

Ресторанот располага со внатрешен простор со 180 места за седење, внимателно уреден со модерен ентериер и топла атмосфера, идеален и за индивидуални гости и за поголеми друштва, деловни ручеци и организирани настани. Летната тераса нуди дополнителни 110 места за седење, во софистицирана атмосфера. Совршена за after-work дружења, вечерни излегувања под отворено небо, терасата нуди чувство на градски lifestyle со доза елеганција и комфор.

Forza Fusion како инспирација го има спојот на интернационални кујни и современи гастрономски трендови. Менито нуди креативна fusion кујна – азиски, медитерански и европски вкусови интерпретирани на модерен начин, подготвени од внимателно одбрани намирници и со потписот на нашиот кулинарски тим.

Искуството е заокружено со богата понуда од преку 200 вина, сигначер коктели и премиум пијалаци, внимателно селектирани за целосно уживање, без разлика дали станува збор за деловна средба, вечер со пријатели или посебна прослава.

Forza Fusion е место таму каде што вкусовите се спојуваат, а градот се чувствува поинаку.

Телефон за резервации

076 217 015

Forza Fusion Bar & Restaurant