Forza Wine Bar & Restaurant
За нас

Forza Wine Bar & Restaurant е фамилијарен ресторан во населба Тафталиџе, замислен како пријатно место надвор од градска гужва, место за уживање и вкусна храна. Место кое има свој зимски амбиент - затворен пушачки дел со 88 места и внатрешен непушачки дел со 52 места, летна тераса со 120 места, детска игротека од 650 m2 и приватен паркинг наменет за редовни гости со капацитет од 25 паркинг места.

Нашиот ресторан како инспирација има соединување врвна храна и голема понуда на вино по прифатливи цени. Храна подготвена на модерен начин од традиционални македонски намирници и креативноста на нашите готвачи. Препорачано со некое од бројните македонски и увозни вина од нашата винотека која брои над 250 вински етикети од различни страни ширум светот, кои се продаваат на уникатен начин по супермаркет цени.

Ваше омилено место кое го посетувате за детски роденден, за фамилијарен ручек или за компаниска прослава.

Креираме нова традиција која сакаме уште долго да ја чуваме....

Телефон за резервации

02 3071 200 / 078 445 068