May 29, 2023
На нашата „Далматинска вечер“, гостите имаа чест да бидат дел од едно незаборавно искуство со автентичната хрватска музика. Во живо настапи познатата клапа Sv. Jeronim, која ја донесе магијата на далматинската песна директно до нашите срца. 🇭🇷
Клапата, како традиционална хрватска полифона акапела форма, ги освои сите присутни со својата хармонија и мелодија. Со песни посветени на љубовта, виното, татковината и морето, оваа група пријатели ни подари вечер исполнета со емоции и носталгија.
Вечерта беше исполнета со духот на Далмација, каде секој гостин се почувствува како дел од оваа уникатна култура. Музиката и атмосферата создадоа моменти кои ќе останат долго во сеќавањето на сите кои беа присутни.