April 7, 2025

Forza Fusion Bar & Restaurant – Новото лице на урбаната гастрономија

Сместен во срцето на урбаниот пулс на градот, Forza Fusion Bar & Restaurant претставува новото поглавје во успешната гастрономска приказна започната со Forza Wine Bar & Restaurant во Тафталиџе. Новата локација претставува современа гастрономска дестинација која го спојува најдоброто од светските кујни со префинет урбан амбиент.

Сместен веднаш спроти дирекцијата на Макпетрол (стара Железничка), ресторанот носи урбана енергија со дух на светски кулинарски трендови. Со мени кое нуди автентична азиска селекција, специјалитети од месо, домашно подготвена свежа паста и безглутенски опции, секој оброк е доживување само по себе. Посебен акцент е ставен на десертите, кои се подготвуваат рачно и секогаш со внимание до последен детал.

Forza Fusion ви нуди:

Ресторан со најголем избор на вина по супермаркет цени

Нашиот претпознатлив концепт сега и во новоотворениот ресторан со избор од над 250 вински етикети по супермаркет цени од најреномираните региони во светот. Гостите имаат можност да го изберат своето вино директно од полицата, а за само доплата од 250 денари да уживаат во негово професионално послужување во совршена атмосфера.

Specialty Coffee – ново ниво

Forza Fusion е и првиот ресторан во земјава што нуди Specialty Coffee од брендот Dabov. Секоја шолја носи прецизно балансирани ароми, селектирани од најдобрите плантажи ширум светот. За љубителите на кафе, ова е место каде секој ден започнува со вистинско уживање.

Совршено место за појадок

Секое утро од понеделник до сабота, Forza Fusion е местото кое ги обединува сите оние што го ценат вистинскиот појадоксвежо приготвени омлети, домашни супи, сендвичи и специјалитети што ја слават едноставноста на добриот вкус. Идеално место за утрински состанок, лесен старт на денот или квалитетен brunch.

Бизнис настани со стил

Со модуларен простор, професионален тим и врвна услуга, Forza Fusion е подготвен да биде домаќин и на деловни ручеци, бизнис настани, презентации, коктели и приватни вечери. Амбиентот е префинет, дискретен и секогаш функционален – совршено сценарио за компании што сакаат да остават впечаток.

Искуство без грижа за паркинг

Секоја посета е олеснета со обезбеден бесплатен паркинг во подземната гаража на К-Mall.

Бидете во тек со сите новости, тематски вечери и настани на Forza Fusion Bar & Restaurant преку следење на нашиот профил: https://www.instagram.com/forzafusionbar/

Резервирајте го вашето место на: 02 6200 205 | 076 217 015

Мени:
Локација: https://maps.app.goo.gl/uPQqmeS9rQHvNsiV8