На 11-ти февруари, нашиот ресторан беше домаќин на посебна донаторска вечера, организирана во соработка со Дистрикт 1912 Северна Македонија и Словенија, Rotary Club Veles - Beli Mugri, и Винарија Тиквеш. Настанот, кој започна во 20:00 часот, ги собра љубителите на добрата храна и вина за една значајна цел – поддршка на летната школа за талентирани ученици од Велес.
Гостите имаа можност да уживаат во извонредната словенечка кујна, претставена од шефот Дејан Мастнак, кој донесе дел од вкусовите на Словенија директно на нашите трпези. Секој оброк беше внимателно усогласен со премиум вината на винарија Тиквеш, создавајќи незаборавно гастрономско искуство. 🇸🇮
Средствата собрани на настанот беа наменети за поддршка на талентираните ученици, со што оваа вечер, покрај уживањето во исклучителната храна и вино, имаше и благородна цел.