Мојата приказна во Forza Wine Bar & Restaurant започна како студент кога добив шанса да работам како конобар. Денес, по една деценија посветеност и работа со неверојатен тим, горда сум што останав истрајна во сите фази и благодарна сум на луѓето кои го ценеа моето искуство и ми ја дадоа довербата да ја преземам денешната улога – менаџер на барот. Работејќи во динамична средина, научив како да останам фокусирана под притисок, да приоретизирам задачи и да комуницирам ефективно со луѓе од различни профили. Ресторанскиот бизнис не е само послужување храна и пијалоци – тоа е градење односи, лидерство и постојано учење. Оваа професија ме изгради како личност и ми покажа дека и во угостителството може да се изгради успешна кариера.