Започнав да работам како ранер во ресторанот Форца уште во втора година средно, а потоа продолжив со работа и додека бев редовен студент на Медицинскиот Факултет во Скопје. Флексибилноста која ми ја понудија од ресторанот ми овозможи да бидам во тек со моите студии и без проблем да ги завршам.
Покрај финансиската независност, ова искуство ме научи на работна навика, одговорност и што значи да стануваш рано за да ги исполниш обврските. Но, најголемата вредност што ја добив беа контактите – запознав многу професионалци и луѓе од медицинската фела. Работата ми помогна да ја надминам срамежливоста и значително да ја усовршам комуникацијата. Додека, динамичната средина ме научи на дисциплина, брзина и организација – вештини што ми користат и денес, како медицинска сестра на одделението за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.