„Мојата кариера започна во мал бутик, а потоа 14 години работев во Скопски Пазар во различни улоги – од продавач на сувомеснати производи до заменик шеф и дел од топлотеката. Но, вистинската љубов кон кујната ја открив во Форца.
Веќе десет години сум дел од тимот, каде што постојано напредувам. Благодарение на шефовите и колегите, го усовршив секој аспект од подготовката на јадења, а преку обуката во Грција (Cooking Workshop Consulting PRO) го надградив знаењето за салати.
Кујната не е само работа – таа е вештина, динамика и тимски дух. Секогаш се трудам храната да се искористи домаќински и ништо да не оди залудно. Имам и HACCP сертификат и можам да помогнам во секој сектор.
Она што најмногу го ценам во Форца е балансот – динамична средина, но и стабилност со редовен одмор и слободни денови. За секој што сака професионален развој во угостителството – ова е вистинското место.“