„Во ресторанот Форца бев испратен на седумдневна завршна пракса од моето угостителско училиште. Веднаш по завршувањето на праксата, добив понуда за вработување. Да бидам искрен, не ни помислував дека Форца ќе стане мојата животна школа за кулинарски вештини и професионален развој.

Искуството што го стекнав низ годините во Форца ми овозможи да работам на различни места во ХоРеКа индустријата. Каде и да отидев, сфаќав колку значајно било тоа што сум го поминал во Форца, градејќи се како професионалец. Бев подготвен за секој предизвик и сфатив дека сето она што сум го научил овде, можам да го применам насекаде. Ниту едно друго место не можеше да ми понуди такво животно искуство.

Од помошник готвач, до одговорен за целиот PAN сектор – денес повторно сум дел од тимот на Форца, каде се грижам за целиот процес на подготовка на јадењата. Благодарен сум на сите што работеа со мене и ми помогнаа да го научам секој аспект на угостителството – од хигиена до квалитетна подготовка на храна и интернационални јадења.“