June 19, 2024
На 19.06.2024 (среда), со почеток од 20:30 часот, во нашиот ресторан се одржа Thai Night, каде гостите имаа можност да уживаат во автентични тајландски специјалитети. Подготвени со внимание и страст, јадењата ја донесоа есенцијата на Тајланд, претворајќи ја вечерта во вистинско гастрономско патување.
За да го создадеме совршеното мени за оваа вечер, ги селектиравме најпознатите тајландски јадења кои со секој залак ги доближија гостите до традиционалната тајландска кујна во која боите, зачините и комбинацијата на состојки го прават вкусот неповторлив, а доживувањето уникатно и незаборавно.
Низ призмата на нашиот објектив ви пренесуваме дел од атмосферата на „Thai Night“ во Forza Wine Bar & Restaurant🇹🇭