Започнав да работам како ранер во ресторанот Форца уште во втора година средно, а потоа продолжив со работа и додека бев редовен студент на Медицинскиот Факултет во Скопје. Флексибилноста која ми ја понудија од ресторанот ми овозможи да бидам во тек со моите студии и без проблем да ги завршам.
Покрај финансиската независност, ова искуство ме научи на работна навика, одговорност и што значи да стануваш рано за да ги исполниш обврските. Но, најголемата вредност што ја добив беа контактите – запознав многу професионалци и луѓе од медицинската фела. Работата ми помогна да ја надминам срамежливоста и значително да ја усовршам комуникацијата. Додека, динамичната средина ме научи на дисциплина, брзина и организација – вештини што ми користат и денес, како медицинска сестра на одделението за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
медицинска сестра
Мојата приказна во Forza Wine Bar & Restaurant започна како студент кога добив шанса да работам како конобар. Денес, по една деценија посветеност и работа со неверојатен тим, горда сум што останав истрајна во сите фази и благодарна сум на луѓето кои го ценеа моето искуство и ми ја дадоа довербата да ја преземам денешната улога – менаџер на барот. Работејќи во динамична средина, научив како да останам фокусирана под притисок, да приоретизирам задачи и да комуницирам ефективно со луѓе од различни профили. Ресторанскиот бизнис не е само послужување храна и пијалоци – тоа е градење односи, лидерство и постојано учење. Оваа професија ме изгради како личност и ми покажа дека и во угостителството може да се изгради успешна кариера.
менаџерка во ресторанот Форца
Forza Wine Bar & Restaurant не беше само работно место за мене – беше школа за живот. Од ранер на 19 години до service менаџер, секој чекор ме подготвуваше за следниот кариерен предизвик. Таму научив што значи дисциплина, продажба, менаџмент и како да градам релации што денес ми се клучни како физиотерапевт и претприемач. Форца ми овозможи флексибилност во работата за да го завршам факултетот, контактите што ги стекнав станаа мои клиенти, а вештините што ги усовршив на различните позиции ми помогнаа не само да го развијам, туку и успешно да го водам мојот бизнис денес.
сопственик на „My Phisyo“
Work & Study е иницијатива наменета за студенти, покрената од веќе етаблираниот Ресторан Форца (Forza Wine Bar & Restaurant и Forza Fusion Bar & Restaurant). Целта на оваа иницијатива е да се повикаат сите студенти кои сакаат да станат финансиски независни додека се на своите редовни студии, овозможувајќи им флексибилно работно време, професионална средина со можности за напредок и животно искуство преку стекнување на одговорност, работни навики, комуникација и голема мрежа на контакти од бизнис заедницата кои се секојдневни гости во нашиот ресторан.
Преку оваа иницијатива студентите се пријавуваат за позиција помошник конобар (Food Runner), одговорен за брзо и прецизно доставување на нарачките од кујната до клиентите во ресторанот и обратно, но овозможуваме и пристап кон други помошни работни позиции доколку кандидатите пријават желба и интерес.
Пријавата можат да ја пополнат сите заинтересирани студенти, независно дали се во редовни или вонредни студии, но оние кои не се дел од образовниот процес, а се во потрага по работа и професионално усовршување.
Пријавата е електронска, достапна на оваа страна и следниов линк.
Доколку сте пополниле пријава, ќе бидете контактирани од нашите одговорни лица во најбрз можен период. Некои известувања можат да бидат испратени и на вашата e-mail адреса. За повеќе информации, побарајте нѐ на: vajnmasters@gmail.com
Работното време е флексибилно и во договор со кандидатот кој ќе започне со работа.
Сите кандидати кои ќе започнат со работа стануваат дел од нашиот тим, а работните ангажмани немаат временско органичување. Обемот на ангажманите се дефинираат согласно потребите на услужниот сервис во координација со менаџерите на барот и можностите на самиот кандидат.
Обемот на работни часови се дефинира по направеното интервју со кандидатот за работа.
Зависно од договорот со самиот кандидат за работа, ангажманот може да биде регулиран со договор на дело или пријава за вработување.
Со оваа иницијатива се нуди можност за заработка преку платена работа согласно бројот на часови и обемот на дефинираниот ангажман со секој кандидат, како и дополнителни заработки во како анграда (бакшиш) од самите гости.