Зошто работата како конобар не е „само привремена работа“, туку искуство што ти отвора врати во многу индустрии?
Кога некој ќе спомне работа како конобар, првата асоцијација е привремена работа – нешто што го работиш додека не најдеш „вистинска“ кариера. Но, што ако ти кажеме дека оваа професија е далеку повеќе од само сервирање храна и пијалоци?
Вистината е дека оваа индустрија е еден од најдобрите начини да стекнеш вештини кои ќе ти помогнат во кариерата – без разлика дали ќе продолжиш во оваа област или не. Токму затоа, во продолжение ќе ги разгледаме најчестите митови кога станува збор за оваа професија.
- Работни навики и организациски вештини
МИТ: Работа како конобар е само носење на нарачки.
ФАКТ: Во ресторанот темпото е динамично, а успехот зависи од твојата способност за брзо учење, приоритизација и управување со времето. Токму овие вештини не само што ќе ти помогнат во оваа работа, туку се и клучни за секоја кариера – независно дали ќе станеш менаџер, претприемач или експерт во друга индустрија.
- Комуникациски вештини што те издвојуваат на пазарот на труд
МИТ: Конобарството не е „паметна“ работа, не ти требаат комуникациски вештини.
ФАКТ: Работата со гости те учи како да комуницираш професионално, како да се справиш со различни типови на луѓе и како да решаваш проблеми под притисок. Истражувања покажуваат дека 80% од перформансите во работа се однесуваат на „soft skills“ (комуникација, тимска работа и емпатија), вештини што директно ги развиваш во угостителството. https://inchainge.com/knowledge/soft-skills/
- Мрежа на контакти – твојата карта за идни можности!
МИТ: Како конобар нема да имаш иднина.
ФАКТ: Секој ден се среќаваш со различни луѓе – од бизнисмени до креативци, туристи и професионалци од различни индустрии. Не ретко се случува токму овие контакти да ти помогнат за следната работа, проект или бизнис идеја.
- Финансиска независност, убави заработки и први чекори во менаџерските води
МИТ: Оваа работа е само за џепарлак, нема простор за напредување.
ФАКТ: Работењето во ресторан не само што ти дава редовен приход, туку и можност за унапредување – од конобар до менаџер. Во развиените земји, над 70% од менаџерите во угостителството започнале како конобари. Дополнително, работата во угостителството нуди значителни можности за заработка, особено со бакшишот. Покрај тоа, студентите кои работат стекнуваат финансиска независност и вештини што ги прават поконкурентни на пазарот на труд.
https://cdn.ymaws.com/www.krha.org/resource/resmgr/nra_/2023-State-of-the-Restaurant.pdf
- Глобални можности – работа што се апликативна насекаде!
МИТ: Угостителството е ограничено на локално ниво, не носи интернационални можности.
ФАКТ: Доколку сакаш да патуваш и да работиш во различни земји, ова е една од ретките професии каде што искуството е препознатливо насекаде. Многу студенти од Македонија ја користат оваа работа како чекор за кариера во хотелски менаџмент, организирање настани или туризам.Токму затоа..
Наместо да гледаш на угостителството како на „само привремена работа“, размисли за тоа како можеш да го искористиш ова искуство за да градиш вештини, контакти со луѓе и финансиска стабилност. Работа како конобар не е крајна дестинација – тоа е стартна точка кон многу можности!
Стекни се животни и деловни вештини кои се изучуваат само со искуство.
Започни со работа додека студираш и стани дел од нашиот тим!