БЕСПЛАТНА ОБУКА

Врвни кулинарски вештини

Усоврши ги своите готвачки вештини преку интензивна обука со нашите врвни шефови и научи да работиш со најмодерната кулинарска опрема – без никаков трошок.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА

Влез во светската гастрономија

Запознај се со тајните на медитеранската, азиската и светската кујна. Готви со премиум состојки и стекни искуство кое ќе те издвојува на пазарот!

КАРИЕРА

Напредувај во гастрономијата

Подигни ја својата кариера на повисоко ниво – работи во динамична и професионлана средина, создавај контакти во гастрономијата и гради иднина како професионален шеф!

Сега е твоја шанса

Пополни ја оваа апликација и приклучи се на нашиот тим готвачи.




    Што значи СТАНИ ФОРЦА ШЕФ?

    СТАНИ ФОРЦА ШЕФ е интензивна обука наменета за сите лица кои сакаат да напредуваат професионално во кулинарството и да станат шефови на кујна, независно дали моментално имаат или претходно имале искуство како готвачи, салатери или се ентузијасти за готвење. Обуката е во организација на етаблираниот Ресторан Форца (Forza Wine Bar & Restaurant и Forza Fusion Bar & Restaurant), а нејзината цел е да им помогне на сите лица кои сакаат да ги усовршуваат своите знаења во една професионална работна средина, користејќи современа опрема и искуство од домашни и интернационални шефови на кујна.

    Дали обуката е бесплатна?

    Обуката е бесплатна само за оние лица кои по завршувањето на истата ќе се приклучат на тимот на Форца. Постои можност да се следи обуката и со партиципација, но предност ќе им се даде на оние кандидатите кои ќе ја следат бесплатно со цел да станат дел од нашиот тим на готвачи.

    Што содржи обуката и кое е нејзиното времетраење?

    Обуката е предвидена да трае два месеци, почнувајќи од мај месец и опфаќа клучни кулинарски техники, од основи на готвење и безбедност на храна до специјализирани методи на пржење, печење и модерен начин на сервирање. Програмата вклучува работа во различни сектори на кујната, како што се подготовка на салати и ладни предјадења, топла кујна, грил, пржење и финиширање на јадењата. Обуката е целосно практична и се одвива во професионална кујна со современа опрема, под менторство на искусни шефови.

    Кој може да се пријави?

    Сите полнолетни и возрасни лица кои имале било какво досегашно искуство во кујна независно од кој сектор доаѓаат или моментално работат, како и студенти или ентузијасти по готвење кои сакаат да започнат кариера во кулинарскиот свет.

    Како да се пријавам?

    Пријавата е електронска, достапна на оваа страна и следниов линк: тука.

    Колку лица можат да се пријават и дали постои некој критериум во изборот на кандидати?

    Обуката е ограничена на групи од по 5 учесници, што овозможува индивидуален пристап и внимателно менторство. При изборот на кандидатите се води сметка за нивната страст за кулинарството, желбата за професионален развој и претходно искуство (иако не е задолжително). Предност ќе им се даде на оние кандидати кои сакаат да станат дел од тимот на Форца и кои имаат основни знаења за готвење или работа во кујна, како и ентузијазам за учење нови техники и стекнување искуство во професионална средина.

    Пополнив пријава, што понатаму?

    Доколку сте пополниле пријава, ќе бидете контактирани од нашите одговорни лица во најбрз можен период. Некои известувања можат да бидат испратени и на вашата e-mail адреса. За повеќе информации, побарајте нѐ на: vajnmasters@gmail.com

    Што по завршувањето на обуката?

    Сите кандидати кои ја следеле бесплатно обуката имаат поедеднаква можност да бидат вработени и станат дел од нашиот тим на готвачи.

    Во кој временски период ќе се одржува обуката?

    Обуката е предвидена да се одржува во периоди од 9:00 до 17:00 часот.

    Дали ако сум вработен може да ја посетувам оваа обука?

    Да, доколку имате желба и амбиција да се приклучите на нашиот тим, оваа обука ја добивате бесплатно и по нејзиното завршување вашиот работен статус ќе биде регулиран согласно заемниот договор.

    Новости